Крушево – домаќин на Европско и Светско првенство во параглајдерство 2026

Во 2026 година, Крушево ќе биде домаќин на Европско и Светско првенство во параглајдерство. Покрај историјата, традицијата и културата, оваа спортстка манифестација е голема промоција за Крушево како комплетна туристичка дестинација.

Крушево се смета за едно од најдобрите места за параглајдинг во светот. Полетиштето се наоѓа на повеќе од 1 400 метри надморска висина. Теренот е лесно е пристапен и безбеден, а точките за слетување се блиску до патиштата кои водат до самиот град. 

Овој параглајдерскиот центар е формиран во рамки на Проектот на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Крушево, Макеоднија и Елбасан Албанија.

фото: Europe House Skopje

- Реклама -