Македонска државјанка загина, а четири лица се повредени во сообраќајка кај Лесковац

Во тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац, на влезот во Грделичка клисура загина македонска државјанка, а четворица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од две и од четири години, јави дописникот на МИА од Белград.

Несреќата, според српските медиуми, се случила кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда, која потоа поминала низ возилото. Во несреќата загинала сопругата на возачот, која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него, повредени се и нивните две деца и една постара жена.

Станува збор за семејство од Македонија кое се враќало од одмор во Словенија, кое има и словенечко државјанство.

-Жената беше сопатничка. Превезовме две деца, од кои едното има тешки повреди. Повреди има и возачот, сопругот на починатата, но се чини дека се полесни, иако не можеме ништо со сигурност да кажеме додека не заврши снимањето, кажа очевидец за весникот Ало.

Прочитајте и:  Повредено едно лице во сообраќајка меѓу три возила кај „Мајчин дом“

Една екипа од Итна помош од Здравствен дом Лесковац и друга екипа од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале помош на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница.

Според лекарите од Ургентниот центар во Лесковачката болница зад воланот бил И.А. (28), кој, за среќа, не е повреден, освен што е во состојба на шок и збунетост.

-Едното дете е на дијагностика, се сомневаме на фрактура на бутната коска, другото, за среќа, остана неповредено, изјавија лекарите од Лесковачката болница.

Истрагата сеуште е во тек.

- Реклама -