„ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов на Народен театар Битола на Охридско лето

НУ Народен театар Битола на овогодинешното 64 издание на Охридско лето, ќе учествува со претстава „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов, режија на Багријана Попов. Претставата премиерно ќе биде прикажана на 22 јули со почеток во 19.30 ч. на сцената во Долни Сарај.

Улогите во претставата ги играат Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска- Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката ја напиша Александар Димовски.

„Со актерите од Битолскиот театар го носиме галебот овде и сега, со езерото како централен карактер, суптилно влијаејќи на односите кои се одвиваат околу него. Волшебната претстава на Чехов е љубовно писмо за животот, носејќи ја нашата свест до кршливост и потребата за грижа.
Багријана Попов е наградувана театарска режисерка, драматург и актер. Соработувала со признати актери во Австралија и Европа. Нејзината верзија на „Чичко Вања“ од Чехов, во продукција со „Ла Мама“, беше изведена со високи пофалби на фестивалот во Аделаида во 2019 година. Багријана покажува длабок и траен интерес за драмите на Антон Чехов и ги има адаптирано и режирано неговите четири главни драми. Театарската адаптација на „Вишновата градина“ – на „Прогрес и меланхолија“ – освои 3 награди, меѓу кои и награда за најдобра режија“ велат од Битолскиот театар.

Прочитајте и:  Долги и стоечки овации за маестро Герхарт Рајхенбах

Багријана Попов предава и режира во повеќе институции во Австралија, вклучувајќи ги западно-австралиската академија за применети уметности, Викторија колеџот за уметности, Универзитетот во Тасманија, Универзитетот Ла Троб, Универзитетот Чарлс Стурт.

- Реклама -