Физички напад во угостителски објект ноќеска во Гостивар

СВР Тетово информира дека ноќеска во 2 часот по полноќ на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 40 годишниот гостиварец Ф.Х., кој околу 1.20 часот во СВР Тетово бил пријавен од Б.А.(52) од Гостивар дека во неговиот угостителски објект физички ги нападнал него и неговиот син, при што употребил и остар предмет и нанел повреда на неговиот син, по што и сам се повредил.

Полицијата извести дека се преземат мерки за расчистување на случајот.

Извор