„Шогун“ и „Мечката“ со најмногу номинации за Еми

Телевизиската академија синоќа ги објави номинациите за 76тите Еми награди, помеѓу кои има имиња кои конечно добија заслуга. Најмногу номиниации доби историската драма „Шогун“, дури 25, помеѓу кои се и првите номинации за ѕвездите Хиројуки Санада и Ана Саваи.

Комедијата „Мечката“ заработи 23 номинации, што е најоглем број на номинации за една комедија. Оваа серија веќе беше суперѕвезда на Еми наградите, откако освои 10 трофеи минатата година, што пак беше рекорд за најмногу освоени награди за прва сезона.

И двете серии се во продукција на „FX“, која вчера доби вкупно 93 номинации и е втора продукција по бројот на номинации позади Нетликс кои имаат 107. Потоа следуваат ХБО и Макс со 91, што е прв пат ХБО да не е една од двете најноминирани продукции со децении.

 Гласањето за Еми номинациите заврши на 24 јуни, а сега следува втората фаза во која речиси 22 илјади членови, ќе гласаат за вкупно 229 серии кои останаа во конкуренција.

Прочитајте и:  Гледачите згрозени од инцест сцената во „Куќата на змејот“

За најдобра драма се борат сериите „Круната“, „Фолаут“, „Позлатено доба“, „Утринско шоу“, „Господин и госпоѓа Смит“, „Шогун“, „Бавни коњи“, „Проблемот на трите тела“. Во трката за најдобра комедија се натпреваруваат „Абот Елементари“, „Мечката“, „Зауздајте го вашиот ентузијазам“, „Комичари“, „Само убиства во зградата“, „Палм Ројал“, „Кучиња за резервација“ и „Што правиме во сенките“.

За најдобра женска улога во драма серија номинирани за Еми се Џенифер Анистон, Кери Кун, Маја Ерскин, Ана Саваи, Имелда Стаунтон и Рис Витерспун додека за женска улога во комедија за Еми ќе се борат Кинта Брунсон, Ајо Едебири, Селена Гомез, Маја Рудолф, Џин Смарт и Кристен Виг.

За најдобра машка улога во драма серија номинирани се Идрис Елба, Доналд Гловер, Волтон Гогинс, Гери Олдман, Хиројуки Санада и Доминик Вест. За најдобра машка улога во комедија пак во трка останаа Мет Бери, Лери Дејвид, Стив Мартин, Мартин Шорт, Џереми Ален Вајт и Д’фарао Вун-а-таи.

- Реклама -