„Бизнисот на задоволството“ награден н фестивалот „Сине дел Мар“ во Уругвај

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски е добитник награда на филмскиот фестивал „Сине дел Мар“ во Уругвај.  Дејан Ѓошевски кој стои зад продукцијата е добитник на специјална диплома (special mention) за продукција на дизајн.

Ова е десетто признание кое филмот го добива на меѓународните филмски фестивали во светот.

Филмот досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а во септември ќе ја има и својата бразилска премиера на 32. издание на „Еко Сине Интернешнал Филм“ во Сао Паоло. Додека пак, македонската публика ќе има можност да го гледа во кино салите од септември.

„Бизнисот на задоволството“ ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот
- Реклама -