Конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро 

КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември 2024 година.

Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

„КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување. Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување, разноликост и инклузивност“ велат од КПЈ Центар Јадро.

Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.

На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р С. Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи.

КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар.

Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри. Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 1 до 26 септември 2024 година.

За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 26 август 2024г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

- Реклама -