СВР Тетово информира дека вчера (16 јули) во 12.40 часот било пријавено дека во Медицински центар во Гостивар со тешки телесни повреди бил примен 48 годишниот А.С..
Според пријавеното, околу 12.00 часот во неговата куќа во гостиварско Старо Чајле паднал додека го чистел балконот од првиот кат. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.