Кочоска: Прво согледување на функционалните анализи од институциите, па одлука за минималната плата

Институциите се задолжени да достават функционална анализа врз основа на која ќе се согледаат состојбите и паралелно ќе се одлучува што ќе се прави со минималната плата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Одговорајќи на новинарско прашање дали Владата најде средства за зголемување на минималната плата, министерката истакна дека секако требаше да има корекција на платата на адмнистрација и таа е предвидена во Буџетот.

Димитриеска Кочоска не кажа кога може да се очекува средба со синдикатите кои бараат да бидат повикани во Владата во првите 100 дена.

-Побаравме функционална анализа во делот на јавната администрација, ги задолживме институциите да достават функционална анализа. Прво да видиме што се случува таму и паралелкно ќе се види што ќе се прави со минималната плата. Како и да е, требаше да има корекција на плата на адмнистрацијата и таа е предвидена во Буџетот. Законски имаат право на корекција и таа корекција според законото, ако инлфацијата е над три отсто, разликата меѓу реалната инфлација и тие над три отсто им се додава, чинам беше 0,7 проценти зголемување на платите согласно Законот за јавниот сектор, објасни Димитриеска Кочоска.

Прочитајте и:  Со ребалансот 4.1 милијарда денари за плати и 5 милијарди денари за исплата на пензиите
- Реклама -