Истрага против 21-годишен жител на Македонски Брод кој се сомничи за убиство на професионален војник на АРМ

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод, кој се сомничи дека лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка.

Како што информираа попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, за осомничениот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик, а жртвата е професионален војник во АРМ.

– Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа, стои во соопштението од ЈОРСМ.

Оттаму дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
- Реклама -