Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот

Ќе следуваат остри казни за сите оние кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот, потенцираат од Општина Гостивар по извршен увид на место во централното градско подрачје за кадешто граѓани алармираа за незаконски исечено дрво.

„По добиената информација за незаконски исечено дрво, в.д. градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, Претседателот на советот на општината, Намик Дурмиши, заедно со стручните екипи и полицијата, излегоа на самото место. За сечење или отстранување на дрвјата неопходна е претходна проценка од надлежните органи, затоа ги замолуваме граѓаните да се обратат до надлежните органи во случај некое дрво да им прави проблеми.“, соопштија од локалната самоуправа.

Извор