Почина Шенон Доерти, популарната Бренда од серијата „Беверли Хилс 90210“

Актерка Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда во популарната серија „Беверли Хилс 90210“, почина на 54-годишна возраст по долга борба со ракот на дојката.

„Со тешко срце ја објавуваме смртта на Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби долгата битка со ракот на дојката“, изјави нејзината соработничка и пријателка Лесли Слоун.
На актерката во 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка, но и покрај дијагнозата, таа продолжи да глуми во ТВ сериите „Dying to Belong“ и „List of a Lifetime“.

Во јули 2023 година, таа објави дека ракот се проширил на мозокот и дека започнува со терапија со зрачење.
Доерти се прослави во 1990 година како Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс, 90210“. Веќе во првата сезона, серијата привлече внимание поради романсата помеѓу Бренда и Дилан (Лук Пери), кој почина од мозочен удар во март 2019 година. Серијата стана огромен хит и беше една од најгледаните.
 

Извор