Младинската репрезентација на Македонија по 17 години вечерва се враќа на Европските првенства

Од денес до 21 јули во Гдиња, Полска, започнува Европското првенство за кошаркари „Под 20“ години. По пауза од 17 години, младинската кошаркарска репрезентација на Македонија повторно е учесник на ова натпреварување, во обид да дојдат до што подобар пласман на она што се нарекува Европско првенство од Дивизијата „А“ каде на едно место се собрани најдобрите млади кошаркари во Европа.

Првиот натпревар македонската селекција го игра вечерва, од 20.30 часот, против селекцијата на Шпанија. – ЛИНК.
Системот за натпреварување и на ова првенство, вели дека во зависност од резултатите во групната фаза, ќе бидат формирани и двојките за наредниот, прв елиминациски круг. Македонија е дел од групата „Ц“ во која за противници ги има селекциите на Шпанија, Турција и Белгија. И во зависност од исходот, односно по одигрувањето на трите натпревари во групната фаза, ќе го знаеме и патот кој треба да ја одреди и судбината на тимот кој го предводи селекторот Боро Смилковски.
Согласно со „костурот“, групата „Ц“, во следниот натпреварувачки круг ќе „вкрсти“ со групата „Д“, во која се националните тимови на Литванија, Словенија, Исланд и Црна Гора. Во една од овие четири селекции треба да се бара и името на нашиот противник во можеби и решавачкиот натпревар на првенството. Затоа што евентуален триумф во првата елиминациска фаза, води во ТОП 8, односно пласман во горниот дел од табелата и осигуран опстанок во „А“ Дивизијата.
 

Извор