Движењето ЗНАМ-За наша Македонија ги почитува сите религии на припадниците на етничките заедници во Македонија, но сакаме да потенцираме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди.
Согласно Уставот, Македонија е јасно декларирана секуларна држава.
Религиозни обреди во институциите на државата не се дозволени. Политички, Собранието може на поинаков начин да го осуди геноцидот во Сребреница.
Одговорноста е на Претседателот на Собранието да се грижи за дигнитетот на Собранието како и негова заштита од злоупотреби како највисок претставнички дом во Македонија.
Овој чин на злоупотреба, исто како и непочитување на законот за употреба на знамињата, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија го смета како чин на провокација и демонстрација на моќ од позиција на власт, преку прекршување на Уставот и законите на Македонија.
ЗНАМ – Сектор за односи со јавност