Орбан на средба со Ѓинпинг во Пекинг, оттаму најави дека лета за Вашингтон

На 5 јули, Орбан беше во исто така ненајавена посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и разговараше со него, меѓу другото, за ситуацијата во Украина, а претходно на 2 јули го посети Киев и разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ненајавено го посети Пекинг, по што објави дека негова следна дестинација за посета е Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Орбан на средба со Ѓинпинг во пекинг / Фото: EPA-EFE/VIVIEN CHER BENKO / HUNGARIAN PM PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Орбан, чија земја го презеде претседавањето со Европската Унија на 1 јули рече дека Пекинг е третата станица на неговата, како што ја нарече, мировната мисија за Украина.

Таму се се сретна со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, а фокус на разговорите е смирување на ситуацијата во Украина. Орбан на средбата посочи дека Унгарија високо ја цени мировната иницијатива на Кина во врска со конфликт во Украина, а Ѓинпинг ги повика светските сили да им помогнат на Русија и Украина да го обноват директниот дијалог и преговори.

„Унгарија многу ја цени мировната иницијатива на Кина во врска со конфликтот во Украина“,

рече Орбан.

По средбата со Ѓинпинг, унгарскиот премиер на социјалната мрежа Инстаграм објави дека веднаш лета за Вашингтон.

Тој ги пофали, како што рече, конструктивните и важни иницијативи на Кина да донесе мир во Украина и го опиша Пекинг како стабилизирачка сила во услови на глобални турбуленции.

На 5 јули, Орбан беше во исто така ненајавена посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и разговараше со него, меѓу другото, за ситуацијата во Украина, а претходно на 2 јули го посети Киев и разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Со рускиот претседател Владимир Путин разговараше и за ситуацијата во Украина.

Пред тоа, тој го посети Киев и разговараше со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на кого му предложи да размисли за договор за итен прекин на огнот со Русија.

По повод посетата на Орбан на Москва, претставници на ЕУ најавија дека тој нема мандат да ја претставува ЕУ во разговорите со Русија.

На 1 јули Унгарија од Белгија го презеде шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на ЕУ.

- Реклама -