ДУИ: ВЛЕН се множи со нула, затоа нема албански претставници на Самитот на НАТО

Партијата која ја води Али Ахмети, забележува дека во делегацијата на државата која отпатува на Самитот на НАТО, немало место „ниту за „џентелменскиот“ вицепремиер, а камоли за некој министер“

Опозициската партија ДУИ преку партиско соопштение изрази загриженост дека коалицијата ВЛЕН уништувала се што е постигнато две децении по ред.

„Со ДУИ во Владата, Република Северна Македонија беше претставувана не само на НАТО и другите меѓународни самити, туку и во највисоките институции на САД, претставена од албанскиот премиер, првиот вицепремиер и албанските министри. Нашата земја денеска за прв пат е претставена од моноетничка делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД. Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на ВЛЕН се множат со нула како резултат на немањето изборен и етнички легитимитет“,

се вели во соопштенаието на ДУИ која потенцира дека коалицијата ВЛЕН ги загубила изборите и ги понижува Албанците.

Партијата која ја води Али Ахмети, забележува дека во делегацијата на државата која отпатува на Самитот на НАТО, немало место „ниту за „џентелменскиот“ вицепремиер, а камоли за некој министер“.

Според ДУИ, присуството на пратениците во Парламентарното собрание на НАТО, а не на самитот, не го покривал срамот од понижувачката улога без достоинство на Албанците во државата.

ДУИ реагира дека ова претставувало систематски обид да се тргнат Албанците од учеството во претставувањето на земјата во интегративните процеси, во кои порано протагонист била партијата на Ахмети.

- Реклама -