Во Србија од 10 јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.
Цената на патарината од Белград – Ниш Југ ќе изнесува 1.130,00 динари додека старата цена изнесуваше 1.020,00 што е за 110 динари поскапо или околу 0,90 центи. Останатите цени на одделни делници се:
Белград – Суботица: нова цена 800,00 динари (стара цена 730,00)Белград – Шид: 500,00 динари (450,00 динари),Обреновац – Прељина: 560,00 динари (510,00)Белград – Врбас: 470,00 динари (420,00)Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (до сега 1.510 динари)