МНР: Македонските државјани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Министерството за надворешни работи, додаваат оттаму, ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС-дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (мејл-адреса: globalsos@mfa.gov.mk )

Министерството за надворешни работи ги повика македонските државјани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација и исто така апелира да се одложат сите патувања кон оваа држава.

„Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан“,

се наведува во соопштението на МНР.

Министерството за надворешни работи, додаваат оттаму, ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС-дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (мејл-адреса: globalsos@mfa.gov.mk ).

Лидерот на либанската милитантна група Хезболах се закани дека ќе го нападне европскиот остров Кипар доколку избие војна меѓу Израел и Либан.

Ова е прв пат Хезболах да му се заканува на Кипар, кој е во ЕУ и се наоѓа во Средоземното Море, на околу 200 километри од Либан. Кипар одржува заеднички воени вежби со Израел од 2014 година.

Заканата на Насрала дојде како дел од одговорот на предупредувањето на Израел. Тој рече дека Хезболах „ќе ги расклати столбовите на Израел доколку на Либан му се наметне војна“.

Тензиите меѓу Хезболах и Израел се зголемуваат по нападот на Хамас на 7 октомври и воената кампања на израелските одбранбени сили што следеше. Прекуграничните напади меѓу Хезболах и Израел се интензивираа во последниве недели, што ја зголеми загриженоста за можноста од сеопфатна војна.

Во вторникот, Хезболах се пофали со деветминутно видео снимено со дрон на кое се прикажани цивилни и воени локации околу еден од најголемите израелски градови, Хаифа. Видеото го поттикна израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац да предупреди на сеопфатна војна во која „Хезболах ќе биде уништен, а Либан тешко поразен“.

- Реклама -