Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи на Македонија ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.
„Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан.“, се наведува во соопштението.
Министерството за надворешни работи посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ).