Грците лути поради огномет од јахта што запали шума: „Имаат повеќе пари отколку мозок“

Грција е во состојба на готовност поради шумски пожари од вторникот, а властите се подготвуваат за тешко лето бидејќи продолжуваат сувите услови, силните ветрови и високите температури

Огномет испукан од јахта во Грција во петокот предизвикал шумски пожар на островот Хидра, соопштија локалните пожарникарски власти.

Пожарот ја изгоре единствената борова шума на туристичкиот остров јужно од Атина.

Пожарот едвај бил ставен под контрола. Бидејќи нема патишта до плажата, пожарникарите морале да ѝ пријдат по море, додека хеликоптери испуштале вода од воздух, пишува Би-би-си.

Причината за пожарот предизвика гнев во Грција, која веќе се бореше со неколку шумски пожари и е зафатена од првиот топлотен бран годинава.

„Ние сме револтирани што некои луѓе толку неодговорно фрлаат огномет во борова шума“,

изјави градоначалникот на Хидра, Јоргос Кукудакис, за грчката телевизија ЕРТ.

Тој додаде дека градот ќе се обиде да преземе правни мерки против патниците на јахтата.

Осуди имаше и на социјалните мрежи.

„Богати луѓе со повеќе пари отколку мозок“,

напиша една личност.

Грција е во состојба на готовност поради шумски пожари од вторникот, а властите се подготвуваат за тешко лето бидејќи продолжуваат сувите услови, силните ветрови и високите температури.

- Реклама -