Почина поранешниот пратеник Миле Андонов од Кочани

Како дипломиран економист, Андонов повеќе години водеше приватен бизнис во областа на текстилството

Денеска во Кочани на 62-годишна возраст, почина поранешниот пратеник Миле Андонов.

Во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, Андонов беше дел од пратеничката група на СДСМ, членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а беше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет. Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија.

Како дипломиран економист, Андонов повеќе години водеше приватен бизнис во областа на текстилството. 

Од Андонов на социјалната мрежа Фејсбук се простија неговите сопартијци.

„Сочувство до семејството, роднините и пријателите на трагично починатиот Миле Андонов, наш почитуван другар и сопартиец. Андонов даде значен придонес во развојот на Кочани, но и во политичко-економскиот живот во земјата, како пратеник во Собранието од редовите на СДСМ, но и како силен поддржувач на реформските процеси, на прогресивните, социјалдемократски политики. Нека почива во мир“,

напишаа од СДСМ.

- Реклама -