Камп „Етно Македонија“ во организација на Музичката младина на Македонија

Музичка младина на Македонија по четврти пат го организира кампот „Етно Македонија“, кој годинава ќе се одржи во Битола 15-25 јули, со два завршни концерти во Битола и Скопје.

Притоа ги повикуваат сите млади музичари од 18 до 30 годишна возраст, кои свират или сакаат традиционална музика и музика од светот да се пријават на кампот.

Годинава Музичка младина на Македонија стипендира двајца учесници од Македонија за учество во кампот.

- Реклама -