Израелската армија ги одобри плановите за офанзива во Либан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа објавија дека ги одобриле плановите за офанзива во Либан во услови на интензивирање на прекуграничните судири со борците од либанското шиитско движење Хезболах, пренесоа француските медиуми.

-Оперативните планови за офанзивата во Либан се одобрени и потврдени, се вели во кусото соопштение на армијата по состанокот за „проценка на ситуацијата“ одржан вчера.

На состанокот присуствуваа генерал-мајор Ори Гордин, кој е командант на Северниот воен регион, како и генерал-мајор Одед Басиук, началник на Дирекцијата „Операции“ при Генералштабот на ИД.

Веста предизвика итна реакција од САД, при што Пентагон нагласи дека никој не сака да избие поширока регионална војна на Блискиот Исток.

-Не сакам да шпекулирам и да правам претпоставки за тоа што би можело да следи. Можам само да кажам дека никој не сака поширока регионална војна, рече портпаролот на американската војска, бригадниот генерал Патрик Рајдер, цитиран од британски медиуми.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -