Холандски јавен сервис: Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО, објави холандскиот јавен сервис НОС. Тој на таа функција ќе го замени Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува на 1 октомври. Во извештајот, НОС се повикува на извори запознаени со ова прашање.

Агенциите јавуваат дека се уште не може да се добие коментар од НАТО. Претходно денеска Унгарија и Словачка ја поддржаа кандидатурата на Руте за следен генерален секретар на НАТО.

Поддршката на Унгарија следи по средбата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со Столтенберг минатата недела, кога двете страни се договорија Унгарија да не ги блокира одлуките на Алијансата за поддршка на Украина, но дека Будимпешта нема да биде директно вклучена.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Турција и Словачка, исто така, ги сменија ставовите за кандидатурата на Руте, при што Турција ја објави својата поддршка за Руте кон крајот на април, а Словачка претходно денеска.

Словачка, која граничи со Украина, ја нагласи потребата следниот шеф на НАТО да помогне во решавањето на заштитата на словачкиот воздушен простор.

- Реклама -