По дваесет и втори пат по ред, во спортската сала „Младост“ во Гостивар се организираше меморијалниот турнир во кошарка „Другарите за Игор“. Настанот традиционално се одржува во спомен на Игор Билески, млад кошаркарски тален кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 9 јуни во 2002 година, нa 24 годишна возраст.
Присутните спортисти и публиката во салата му одадоа почит со едноминутно молчење, по што следуваа натпреварите во кој учествуваа повеќе младински генерации на екипите КК Гостивар, УТ – Тетово, КК Љуботен и ТФТ Скопје.
Организаторите, блиските другари и колеги на Билески, на настанот му дадоа хуманитарен карактер со тоа што сите собрани средства од влезниците ќе бидат донирани каде што е најпотребно.
Овој турнир покрај тоа што го одржува споменот за Игор, придонесува за инспирација на младите спортисти со духот на другарство и солидарност.
„Другарите за Игор“