На 10ти јуни во музичката историја денот го делат смртта на Реј Чарлс, комплексните ремек дела на „Radiohead“ како и класичните хитови на Брилијантин кои на денешен ден достигнале прво место во табелите.
2004 – Реј Чарлс
Американскиот пејач, текстописец Реј Чарлс почина на 73-годишна возраст. Глаукомот го ослепил Чарлс на шестгодишна возраст. Тој го постигнал синглот бр.1 во Велика Британија и САД од 1962 година „I Can’t Stop Loving You“ плус над 30 други Топ 40 синглови во САД и албумот бр.1 во САД од 2005 година „Genius Loves Company“. Чарлс, кој беше двапати женет и татко на дванаесет деца од девет различни жени, се појави во хит филмот од 1980 година, „Блуз Брадерс“ исто така беше добитник на 17 Греми награди.
2001 – Radiohead
Radiohead го освои првото место на топ-листата на албуми во Велика Британија со „Amnesiac“. Петтиот студиски албум на бендот дебитираше на бр.2 на американскиот Билборд 200 и продуцираше три синглови, „Pyramid Song“, „I might be wrong“ и „Knives out“.
1978 – Џон Траволта
Џон Траволта и Оливија Њутн Џон достигнаа бр.1 на американската табела за синглови со „You’re The One That I Want“ исто така бр.1 во ОК.