Пуштена за сообраќај делница Елбасан-Ќафасан, дел од Коридор 8

Патниот правец Елбасан – граничен премин Ќафасан, кај Струга, кој е  дел од Коридорот VIII, веќе е отворен за сообраќај на возила,  по две ленти, објави албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи споделувајќи видеозапис.

„Дел од патниот правец  Елбасан-Кафасан,  дел од Коридорот VIII, веќе е пуштен во употреба за сообраќај, на кој е поставена и потребната патна сигнализација“, напиша Рама.
Овој патен правец радикално ќе ги скрати растојанијата и ќе се претвори во меѓуградски пат со четири ленти, како дел од коридорот 8, веќе вклучен во европската мрежа.
Патот Елбасан-Кафасан е од категоријата Б, со четири ленти,  по две од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот, и со минимална брзина на движење од 110 километри на час.
Ако до сега за минување на патот од Ќафасан до Елбасан (50 км) беа потребни 1 час и 30 минути, оваа оддалеченост  ќе се минува за само 35 минути.
„Изграден пред повеќе од две децении единствените инвестиции беа во неговото одржување. Проширувањето на патот ќе ги намали сообраќајните незгоди и честите блокади, го олеснува сообраќајот и го скратува времето на патување, како во правец кон Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување на максималната дозволена брзина“, велат од државната агенција за патишта.
Почна да се гради во декември 2022 а целосно треба да заврши годинава.

Извор