Гостиварка ги пријавила своите соседи за физички напад, пријава за агресија и закани во локал…

СВР Тетово соопшти дека вчера (6 јуни) околу 12.30 часот во ОВР Гостивар, 62 годишната гостиварка Р.Т. пријавила дека пред нејзината куќа, по кратка расправија, била физички нападната од нејзината сосетка С.А.(45) и нејзиниот сопруг С.А.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата.

Исто така вчера, во 19.15 часот во ОВР Гостивар, С.А.(24) од Врапчиште пријавил дека околу 18.30 часот на работното место во угостителски објект на улица ,,ЈНА“ во Гостивар, Х.С. агресивно се однесувал кон него и му се заканувал.
Полиицјата неведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор