СВР Тетово информира дека во рамките на континуираните активности што ги презема за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (2-ри јуни) во периодот од 15 до 22 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (Тетово-23 и Гостивар-19), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 32 (ТЕ-15 и ГВ-17), 8 возачи (ТЕ-6 и ГВ-2) кои управувале без да положен возачки испит и еден со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Против возачите биле поднесени соодветни законски поднесоци, извести полицијата.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли да навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл, крајните последици биле сериозни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Вчера исто така, била спроведена и акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што на гостиварска територија биле откриени и санкционирани вкупно 10 возачи кои ја пречекориле пропишаната брзина надвор од населено место. Санкционирани биле и 44 други видови сообраќајни прекршоци.