Младиот тим на управата во Реплек АД во Скопје оствари средба со Германската делегација од Франкфурт и Хајделберг

Во рамките на официјалната пoсeта на Германската делегација од Франкфурт и Хајделберг во Скопје, се остварија повеќе состаноци за соработка и партнерски пристап кон сите германски компании, а особено кон големите и успешни македонски компании. Имено, ваквата посета на делегацијата, беше да се вмрежат со Хајделберг факултетот сите оние успешни македонски компании, кои, активно го поддржуваат германскиот модел на образование, со цел, прифаќање и поддржување на дуалниот концепт на високо образование.

За таа цел, во просториите на Реплек АД Скопје, се реализираше работен состанок со управата на компанијата, претставувана од претседателот на УО, г-дин Душан Пецовски, како и директорката на одделот за човечки ресусри, г-ѓа Дојранка Анастасовска Цветковска. Од страна на делегацијата од Германија, а во име на Хајделберг Факултет во Скопје, претставници беа:  Претседател на бордот на директори на Хајделберг Факултет во Скопје, проф. д-р Улрих Цајтел, претставникот на управата за Скопје, проф. д-р Синиша Наумоски, како и раководството од Франкфуртскиот универзитет Провадис, претставуван од претседателката на УО, проф. д-р Уршула Ото и директорот за развој Лукас Рудериш.

На средбата, од страна на германската делегација беше презентиран германскиот модел на високо образование, како одличен пример за развој и големи успеси кај речиси сите  производни компании од фармацијата и оние од хемиската индустрија, а сегашни и идни партнери на македонскиот Реплек АД Скопје.

Прочитајте и:  Хајделберг Факултет во Скопје предводник на дуалното високо образование

Претседателката на Франкфуртскиот универзитет Провадис, проф. д-р Уршула Ото кажа дека нивниот универзитет е голем креатор на нови млади работници за германските фармацевтски компании, веднаш после завршување на средното училиште. За таа цел, делегацијата од Германија го презентираше начинот и стратегијата за работа во новата германска високообразовна установа Хајделберг Факултет во Скопје, како и условите за студирање во петтиот семестар во Франкфурт за сите идни и млади студенти – финансисти и ИТ дипломци, кои ќе бидат дел од наставата во првата генерација.

На средбата, се покажа интерес од двете страни за активна посветенот кон образовниот процес, со цел – враќање на многу млади успешни претприемачи во Македонија. Затоа, со основањето на Хајделберг Факултет во Скопје, за прв пат се создаваат реални можности за внесување на нов начин на високо образование во македонскиот образовен систем, беше речено од страна на проф. д-р Цајтел.

Раководството на Реплек АД Скопје е пример за многу млади, затоа што, во неговиот состав, поточно, највисоките поединци, се токму повратници од странство, каде што, тамо, биле на високи позиции во земјите од ЕУ (Австрија), а денес се лидери дома, во Македонија и ги пренесуваат стекнатите вештини, истакна на крајот, проф. д-р Наумоски.

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

- Реклама -