СВР Тетово информира дека вчера (29 мај) во 8.30 часот во Полициското одделение Маврово, М.М.(45) од Маврово пријавил дека, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од А.И.(52) од гостиварска Горна Бањица, кој употребил и дрвен предмет. Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Исто така, вчера во 20.30 часот во Полициското одделение Галате, А.Е.(41) од гостиварски Сенокос пријавил дека околу 13.00 часот во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од истото село.