Германската делегација од Франкфурт и Хајделберг, се сретна со идните чинители и претставници на македонската влада

Во Хајделберг Факултет во Скопје, во присуство на претседателот на управата од Германија, проф. д-р Улрих Цајтел и делегацијата од Франкфуртскиот универзитет Провадис, претставуван од претседателката на УО, проф. д-р Уршула Ото и директорот за Развој Лукас, во понеделникот беше одржана официјална средба со претставници на партијата, иден чинител на новата македонска Влада.

На средбата, од страна на најголемата политичка партија, учесник во креирање на новата влада, присуствуваа Гордана Димитријовска Кочовска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и проф. д-р Весна Јаневска, претседател на комисијата за образование.

Високата делегација од Хајделберг и Франкфурт имаше свое излагање за успешноста на германскиот високообразовен дуален модел.

Како што беше кажано, овој модел е пример за успешност во германската економија. За таа цел, со основањето на Хајделберг Факултет во Скопје, за прв пат се создаваат реални можности за внес на нов начин на високо образование во македонскиот образовен систем, беше речено од страна на проф. д-р Цајтел.

Од страна на претставниците на партијата, составен дел на идната влада, беше искажана силна политичка волја за поддршка на ваквиот концепт, како и можност, во иднина да се имплементираат реформи во образовниот систем и реформи во финансискиот сектор, а во функција на поддршка на компаниите за интерес во дуалното високо образование.

Како што беше кажано, со нова енергија во МОН и ресорите за финансии, особено во ТИРЗ, би се очекувало силно раздвижување на ваквиот тип на германско високо образование

Извор