Koala Voice ќе настапат на 1 јуни во Музеј на современа уметност Скопје, во склоп на Интердисциплинарната програма на „Поврзување низ слоеви и артефакти“.
Koala Voice се словенечки, инди рок, диско панк бенд формиран во 2010 година. Групата е составена од вокалистката и гитаристка Манка Трампуш, гитаристот Домен Дон Холц, басистот Тилен Прашникар и тапанарот Миха Прашникар.
Имаат издадено пет студиски албуми, Kangaroo’s a Neighbor (2015), Wolkenfabrik (2017), Woo Horsie (2018), Izštekani (2018), Plata (2021) и оваа година го издадоа петтиот албум Auf Wiedersehen (2024).
Во 2017 година го отворија шоуто за светски познатите Pixies. Настапувале на повеќе големи музички фестивали како што се: Pohoda, Inmusic, Exit, Liverpool Soundcity, Eurosonic и Ment. Оваа година ги гледаме и на ПРВО ПА ЖЕНСКО! Со своите енергични сценски изведби, Koala Voice се бенд за сите, за млади и за „млади во душа“!
Програмата на фестивалот е поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation, Амбасадата на Шведска, Equality Fund Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура.