Центарот за управување со кризи утрово информираше дека, вчера (27 мај) регионалниот ЦУК Тетово, известил дека во 12.53 часот е добиена пријава за пронајдено неексплодирано убојно средство при изведување на градежни работи на ул.„ЈНА“ во Гостивар. Од ЦУК наведуваат дека веднаш се известени МВР – ПС Гостивар и ДЗС Гостивар, местото било обезбедено, а потоа и безбедно подигнато средството од страна на ДЗС.
Се предупредуваат граѓаните ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични НУС од минатите војни да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, за надлежните безбедно да ги отстранат и неутрализираат, потсетуваат од Центарот за управување со кризи.
Сподели ја веста: