Во објектот Мала Станица, пред бројна млада публика се отвори XV Младински пролетен салон на тема мал формат, на кој земаа учество млади од три факултети и 15 средни училишта, од Скопје и републикава.
Се работи за традиционална изложба на дела од млади талентирани ученици кои се ангажирани околу некоја тема што им е предизвик за реализација на одлични творби. Истата има натпреварувачки карактер.
Селектор и организатор е ликовниот едукатор Ацо Таневски, при Национална галерија.