Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку гостиварски детски градинки започна со практично имплементирање на едукативен проект ,,Чекор по чекор“, со цел дечињата од мала возраст да се запознаат со сообраќајните правила и да развиваат сообраќајна култура и одговорност.
Како што информираа од МВР во проектот ќе бидат опфатени околу 2.450 деца на предшколска возраст од 12 тетовски и 11 гостиварски детски градинки.
„Стручно обучени полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај-Тетово и Гостивар ќе им објаснат како безбедно да се движат во сообраќајот како пешаци, а ќе им бидат објаснети и основните сообраќајни правила, прилагодено на нивната возраст.“, известија од МВР.
Сподели ја веста: