Вечерва во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „До Балчак“ на култиниот македонски режисер Столе Попов.
Филмот е снимен во 2014 година во продукција на „Триангл филм“, а во копродукција со „Сектор филм“, „Fх3х“ и Македонска Радио Телевизија. Главен продуцент на филмот е Данчо Чеврески од „Триангл филм“. Сценариото го напишал Горан Стефановски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Миленко Јеремиќ, а костимограф е Емилија И. Атанасовска. Улогите во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михаловски, Мики Манојлевиќ, Никола Кољо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра ветерова, Ана Костовска и други.
Музиката е на Дуке Бојаџиев.
Филмот започнал да се прикажува во кината на 18 октомври година, со премиерата во киното „Милениум“ во Скопје. Филмот бил македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар странски филм. На 13 февруари бил прикажан во Шведска, во рамките на „Balkan New Film Festival“, а во март учествувал на фестивалот „Febiofest“ во Прага, а бил прикажан и во Минхен, во рамките на 10. Денови на Балканот.
Инаку, овој филм важи за најскапиот филм во македонската кинематографија, чиј буџет изнесува 3,6 милиони евра, од кои 2,5 милиони ги обезбедила владата, а 500 илјади евра обезбедил Филмскиот фонд.