(ФОТО) Колони возила на „Богородица“ на стартот на продолжениот викенд

На снимките од видеокамерите на Јавното претпријатие за државни патишта поставени на граничниот премин, евидентна е зголемена фрекфенција на возила кои чекаат за излез од земјава и влез во Грција. На македонската страна од границата за излез во сите коловозни ленти чекаат автомобили, автобуси и товарни возила

Почетокот на продолжениот викенд од утринава донесе и зголемен метеж на граничниот премин „Богородица“.

Моменталната состојба на Граничниот премин „Богородица“ / Принтскрин: Видеокамера

На снимките од видеокамерите на Јавното претпријатие за државни патишта поставени на граничниот премин, евидентна е зголемена фрекфенција на возила кои чекаат за излез од земјава и влез во Грција. На македонската страна од границата за излез во сите коловозни ленти чекаат автомобили, автобуси и товарни возила.

Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), пак, информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Зголемениот проток на возила на граничниот премин со Грција е вообичаен за неработните денови како денешниот, кој голем дел од граѓаните го спојуваат со претстојниот викенд.

Согласно со Законот за празниците во земјава, 24 Мај е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

- Реклама -