Германското Министерство за надворешни работи на платформата „X“ нагласи дека сакаат да ја видат земјава во ЕУ и оти e важно земјата во моментов да продолжи со уставните измени.
-Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ. Државата иницираше важни реформи за да го постигне тоа и мора да продолжи по тој пат. Особено е важно за Северна Македонија сега да ги започне уставните измени, се наведува во постот на германското МНР, кој е објавен со фотографија од министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Аналена Бербок.
Mинистерот за надворешни работи Османи денеска се обрати на 133. сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, при што ја подвлече улогата на мултилатерализмот при справување со тековните многубројни предизвици.
We want to see #NorthMacedonia in the #EU. The country has initiated important reforms to achieve this, and must continue along this path. In particular, it is important for #NorthMacedonia to embark now on the necessary constitutional reform. @ABaerbock with @Bujar_O pic.twitter.com/uOlJJ2Cugq
— GermanForeignOffice (@GermanyDiplo) May 17, 2024
-Покрај сите свои пропусти, мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации и неспоредливи предизвици од различна природа. Советот на Европа останува суштински столб во тој поглед. Сепак, ние, земјите-членки ја носиме одговорноста за неговата ефикасност, истакна Османи.
За време на престојот во Стразбур, Османи ќе има средби со негови колеги од различни земји.