Мицкоски: Успешно консолидиравме 61 пратеник

Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во вистинска насока.
-Успешно консолидиравме 61 пратеник, не можам да кажам детали, изјави Мицкоски.
Тој исто така, повика на добрососедски и пријателски односи со Грција и апелира да нема веќе закани, опструкции и враќање назад во минатото, туку двете страни да гледаат кон иднината. Рече и дека наскоро очекува средба со грчкиот премиер со кој би разговарал за економијата, туризмот, образованието,…
„Достоинствена беше заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, очекував честитка од јужниот сосед за убедливиот триумф, но за жал, добивме политички мускули. Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото, бидете сигурни дека тоа нема да го направиме. Немаме намера на нивните политички мускули да одговориме со преименување на автопатите и аеродромите или да градиме споменици. Не очекувам односите меѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекувам да имаме одлични меѓусоседски односи, ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и тамошната влада предводена од Нова Демократија имаат свој став поврзан со Преспанскиот договор, бидејќи ниту на едните, ниту на другите ни се допаѓа тој договор“, истакна Мицкоски.
Сподели ја веста:

Извор