Уметниците ширум светот денес го прославуваат 16 Мај – Меѓународниот ден на цртежот. Без оглед на техниката која се користи, цртежот го одразува специфичниот авторски ракопис во својата целост, а во форма на скица е подлога за создавање на различни уметнички форми.
Денот на цртежот започна да се одбележува во 2008 година со цел да се подигне свеста низ целиот свет за значењето на уметноста. Овој ден за уметниците е за сеќавање на љубовта за правење и гледање на сите видови цртежи.
Целта на Денот на цртање е да се добијат милион цртежи направени низ целиот свет на овој ден.
Фото: Симон Шемов- “Дете набљудува ѕвезди Х, 1980, молив во боја, колаж, 65х49 см“
Цртежот е сопственост на Националната галерија на Македонија