Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Младата сила на Општинската организација на Црвениот Крст во Гостивар спроведе редовни избори за ново раководство на Клубот на млади.

За претседателка на Клубот беше избрана Јована Дабевска, а за заменик лидер Идиз Фејзулаи.

За членови на новото координативно тело беа избрани: Џан Бајрами, Александра Коцеска, Мартина Димовска, Хадије Бајрами и Хафије Амети. Новото раководство има мандатен период 2024-2026.
„Изборите се организираа во просториите на Црвен крст Гостивар и на истите учестуваа членовите на Клубот на млади кои преку тајно гласање ги избраа и изгласаа новиот лидер и заменик лидерот. Кандидатите за координативното тело, пак се избраа со јавно гласање.“, соопштија од Црвен Крст упатувајќи честитки до новоизбраните со желби за успешна работа.
Младите преку Клубот со своите активности ги шират принципите и идејата за Црвениот крст, волонтираат за посреќно, поздраво и поинформирано општество, во кое младите ќе можат поуспешно и поквалитетно да се оформат како личности и идни успешни лидери на светот.
Сподели ја веста:

Извор