Ден на сообраќајната култура-Ја имаме ли?

Денешниот датум 11 мај, ширум светот се одбележува како Ден на културата во сообраќајот од 2015 година кога во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена организација, првпат се организираше настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. Целта е подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување со што, ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Сообраќајната култура претставува начин на однесување на секој учесник во сообраќајот, како и сфаќање на однесувањето на другите учесници во насока на побезбедно одвивање на сообраќајот, односно намалување на непријатните ситуации и минимизирање на сообраќајните незгоди и повредите. Таа се стекнува уште од најмала возраст, а во нејзиното инкорпорирање значајна улога играат семејството и воспитно-образовните институции. Затоа РСБСП особено внимание посветува на спроведувањето на превентивно-едукативни активности за најмладите преку спроведување на кампањи за поголема безбедност, како и за едукација во врска со сообраќајните правила и прописи и одговорното однесување во сообраќајот. Кампањи и активности се реализираат за сите категории учесници во сообраќајот, а се подготвува и разновиден превентивно-едукативен материјал“, се вели во соопштението на Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај.
 
Сподели ја веста:

Извор