Најочекуваните филмски продолженија во 2011 (1. дел)

филмовиКако што полека, но сигурно, се ближи крајот на оваа филмска година, да погледнеме кои филмови, односно филмски продолженија нѐ очекуваат наредната година. За некои веќе се знае и датумот, а за некои сѐ уште само се шпекулира.

Како што полека, но сигурно, се ближи крајот на оваа филмска година, да погледнеме кои филмови, односно филмски продолженија нѐ очекуваат наредната година. За некои веќе се знае и датумот, а за некои сѐ уште само се шпекулира.

„Врисок 4“
(Scream 4)
scream-4-news
Во четвртото продолжение на познатата хорор трилогија, ќе се појави Нев Кемпбел (повторно), Кортни и Дејвид Аркет (повторно), како и Ана Паквин и Кристен Бел. Но, Ана и Кристен ќе имаат мали улоги, па можеме да очекуваме дека една од нив (или двете) ќе бидат убиени уште на почетокот, како што беше случајот со Дру Баримор во 1996. Засега, се знае дека режисерот е истиот и од претходните три дела – Вес Крејвен, а исто така повторно се враќа и сценаристот Кевин Вилијамсон. Интересното е што приказната за овој дел ќе биде околу ликот на Кортни Кокс – Аркет, репортерката Гејл Ветерс. Таа сега има дете со Дејви (Дејвид Аркет, кој до неодмана ѝ беше сопруг и во приватниот живот) и најверојатно тоа ќе биде метата. Дали маската на убиецот ќе остане иста? Не се знае. Според Вес: „Можеби ќе има уште една“ Кога излезе првиот дел на „Врисок“ во 1997, повторно го обнови хоророт како жанр. Целата трилогија заработи повеќе од 500 милиони долари ширум светот и на некој начин, ја спаси кариерата на Вес Кравен.

„xXx: Враќањето на Ксандер Кејџ“
(
xXx: The Return of Xander Cage )
xander
Новиот xXx филм, (третиот по ред) ќе биде напишан од Џон Бранкато и Мајкл Ферис (“The Game”, “Terminator Salvation”, “Surrogates”). Режијата е на Ериксон Кроу, а не на Роб Коен, режисерот на претходните два филма. Вин Дизел ќе ја репризира својата улога на Ксандер Кејџ, агентот на Националната Безбедност, повторно по 8 години. Првиот xXx заработи 227 милиони долари ширум светот и му беше отскочна штица на Вин Дизел. Сега засега, а и судејќи според неговите (лоши) филмови оттогаш наваму, едно е сигурно: на Вин Дизел многу му е потребна оваа улога!

„Мамурлак 2“
(
The Hangover 2)
hangoverwide
„Мамурлак“ беше вистински летен хит: заработи 105 милиони долари за само 10 дена. Сега неговото продолжение е објавено. Па, што можете да очекувате од него? Режисер на филмот ќе биде Тод Филипс, а целата актерска екипа (главните четворица) ќе биде иста. Снимањето ќе започне во пролет, а Мел Гибсон требаше да има улога во овој дел, но поради несогласувања со екипата, тој беше исфрлен од филмот. Најновите гласини се дека неговата улога можеби ќе му биде дадена на Лиам Нисон. Дејствието во овој дел ќе се одвива во Тајланд. Чудно место за „мамурлак“.

„Борн 4“
(Bourne 4)
images_copy_copy
Четвртиот дел од Борн сагата ќе биде напишан од Џорџ Нолфри, ко-сценаристот на „Борновиот ултиматум“. Интересното (чудното) е тоа што во овој филм главната улога нема да ја толкува Мет Дејмон. Кој ќе го замени? Никој! Токму така, во четвртиот дел за Борн воопшто ќе го нема Борн! Така е бидејќи Мет Дејмон ќе прифател улога само доколку филмот го работеше истиот режисер од претходните три дела – Пол Грингас, што во случајов не е така. Иако новиот филм, кој сѐ уште нема наслов, не е базиран врз ниедна новела на Роберт Ладлам, во приказната сепак ќе се спомене Борн. Режисерот сѐ уште не познат…како и тоа дали Мет Дејмон ќе се премисли.

„Шерлок Холмс 2“
(Sherlock Holmes 2)
sherlock-holmes-2-release-date
Благодарение на одличната „хемија“ помеѓу Роберт Дауни Јуниор и Џад Лоу, како и одличната режија, „Шерлок Холмс“ беше вистински хит. Но, уште три месеци пред првиот дел да има премиера, студиото имало нецелосно сценарио за вториот дел. Не се знае дали вториот дел ќе биде според романите на Артур Конан Дојл, но се знае дека главниот негативец ќе биде професорот Мориарти. Исто така, се зборува дека Бред Пит моментално преговара за оваа улога. Тој веќе работеше со Гај Ричи (режисерот) на “Snatch”, па големи се шансите улогата да му припадне нему. Но, исто така околу таа улога се споменуваат имиња и како: Даниел Деј Луис, Алан Рикман, Ралф Фајнс и одличниот Гери Олдман. Не се знае дали Рејчел Мекадамс ќе ја репризира својата улога, но се знае дека сите сакаат повторно да ја видат. Наводно, премиерата ќе биде на 16 декември 2011.

Кодот на Да Винчи 3 – „Изгубениот симбол“
(The Da Vinci Code – The Lost Symbol)
da-vinci-code
По успехот на првите два дела, студиото Колумбија веќе ги откупи правата за третиот роман на Ден Браун, со Роберт Лендгдон. Сѐ уште не се знае дали Том Хенкс ќе ја репризира својата улога, како и тоа дали Рон Хауард повторно ќе седне на режисерското столче. Околу улогата за Роберт Ленгдон, уште на почетокот на првиот филм, се спомнуваше Денис Квејд, па можеби сега навистина ќе му ја дадат нему улогата. Иако секој кој ги читал книгите „Кодот на Да Винчи“ и „Ангели и демони“ ќе се согласи дека поради нивната брзо дејство со трилер елементи, подобри би биле како филм – откако филмовите беа направени, сигурно дека секој не се согласува дека тие се исто толку добри како книгите. Да се надеваме дека третиот дел ќе ги надмине очекувањата.

Бонд 23
(Bond 23)
craig
Добрата вест е што сценаристот за најновиот Бонд филм е Питер Морган, човекот кој е зад филмовите „Кралицата“ и „Фрост / Никсон“. Тоа значи дека добрата приказна, односно драма, е загарантирана. Но, што друго да очекуваме? Наводно, плановите се филмот да излезе во 2011, што е чудно, бидејќи Бонд филмовите имаат „традиција“ да излегуваат на секои 2 години, а последниот беше во 2008. Исто така, 50 годишнината од филмскиот Џејмс Бонд е во 2012. Како режисер се споменува Сем Мендез, режисерот на „Американска убавина“, а за приказната се знае дека ќе биде „шокантна“. Сѐ уште не се знае дали Даниел Крег ќе биде Џејмс Бонд, бидејќи според многуминна, тој бил најлошиот Џејмс Бонд на сите времиња.  Иако последните два Бонд филма со Даниел Крег доживеаа голем успех, Крег не ѝ стана миленик на публиката. Барем не како што беше Пирс Броснан.

Нарнија 3 „Патувањето на трговецот со зори“
(Narnia 3: Voyage Of The Dawn Treader  )
the-chronicles-of-narnia-the-voyage-of-the-dawn-treader
Како режисер на третиот дел од веќе позната бајка, ќе се појави Мајкл Аптед, кој е за првпат ќе биде дел од оваа серија на филмови. Во овој дел децата (само Луси и Едмонд – без Питер и Сузан, тие се веќе стари) повторно ќе се вратат во земјата Нарнија со помош на слика, откривајќи дека принцот Каспиан изградил голем брод. Иако овој дел е според петтата книга од Chronicles of Narnia серијата на книги, сепак снимањето е точно – тие одат по редот на кој книгите се објавени, а не како што подоцна биле поставени. Овој филм можеме да го очекуваме на 7 мај 2011.

Брзи и бесни 5 – „Брзите пет“
(Fast and Furiois – Fast Five)
fast-and-furious-5
Подгответе се за уште едно лудо возење. Првите три дела од овој серијал заработија 601 милион долари ширум светот, па дури и само „Токио дрифт“ заработи 158 милиони, а немаше ниту еден познат актер. Па, сигурно е дека овој дел исто така ќе си ги оправда парите вложени во него. Крајот на четвртиот дел ни нагласуваше дека ќе има и петти дел, па да видиме што можеме да очекуваме: Пол Вокер и Вин Дизел повторно ќе ги репризираат своите улоги, а дејствието ќе биде наводно во Бразил или некаде во Европа. Во последниот дел воопшто не ни требало да се најде Пол Вокер, но улогата му била понудена кога филмот веќе почнал да се снима. Овој петти дел оригинално беше замислен да излезе веднаш по четвртиот, но студиото имаше финансиска криза. Интересен факт: Вин Дизел има снимено краток филм од 18 минути, кој е дел од „Брзи и бесни“ светот и може да се види на специјалното ДВД издание на филмот.

„Ксеркс“  (претпродолжение на „300“)
(Xerxes)
300-prequel-news
По огромниот успех на филмот „300“, режисерот Зак Снајдер објави дека ќе има и продолжение. Но, првиот филм беше базиран според графички роман, а новиот треба да е целосно оригинален. Дејствието во новиот филм ќе се случува 10 години пред она во „300“, а според Снајдер, воопшто не е чудно зошто грчката митологија толку се популаризира во Холивуд: „ Така е зашто приказните се многу добри“.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?
- Реклама -