Во минатото, очигледно се живеело поедноставно. Производителите можеле да им дадат имбецилски имиња на своите производи и сепак, за некое чудо, да успеат да направат пари од нив. Убедливо најлошо именуваниот производ е пастата за заби „Ретардекс“ од Велика Британија. Се чини дека и компанија што ја произведува не знае зошто го одбрала токму ова име.
Во минатото, очигледно се живеело поедноставно. Производителите можеле
да им дадат имбецилски имиња на своите производи и сепак, за некое
чудо, да успеат да направат пари од нив. Убедливо најлошо именуваниот
производ е пастата за заби „Ретардекс“ од Велика Британија. Се чини
дека и компанија што ја произведува не знае зошто го одбрала токму ова
име.
Ретардекс, според компанијата што ја произведува, е првата одбранбена линија во борбата против кариесот, лошиот здив и забните наслаги. Истовремено, тоа е најлошо именуваниот производ, ако не во историјата на човештвото, тогаш барем во историјата на хигиенските производи.
Барајќи некаква логика зад името, човек не може а да не се запраша кога зборот „ретардација“ носел со себе позитивна конотација? Можеби точката од која тргнале при смислување на името бил фактот што оваа паста ги ретардира, односо уназадува стоматолошките проблеми, но прашањето останува дали воопшто помислиле каков ефект ќе има името врз пазарот, т.е. конзументите? Можете да се обидете на официјалниот сајт да побарате некое пологично објаснување, но од она што се забележува таму, тешко оти ќе го најдете.
Зарем ако произведувате ултратенки плазма телевизори би ги продавале под името „Анорексијатрон“?