Денес сончево и многу топло, од утре попладне пресврт во времето

Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 28 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. Потоа и во следните денови ќе има повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање. Се очекува дневната температура да опадне за десетина степени.

Извор