„Бивис и Батхед“ се враќаат со нови епизоди

Повеќе...Тие беа (анти)херои на сите нас, и се подбиваа со музичките спотови на MTV. Сега, после 13 години пауза, Бивис и Батхед повторно се враќаат на каучот пред телевизорот.

Тие беа (анти)херои на сите нас, и се подбиваа со музичките спотови на MTV. Сега, после 13 години пауза, Бивис и Батхед повторно се враќаат на каучот пред телевизорот.

bbh-001„Бивис и Батхед“, шоуто кое и помогна на MTV да не биде само музичка мрежа која пушта спотови – се враќа! Потегот да се врати популарната серија од 1990 со познатите анти-херои се шпекулира неколку дена. Но, вчера MTV потвди дека нови епизоди од „Бивис и Батхед“ се во изработка.
Во новиот серијал тие сè уште ќе бидат во средно училиште и опсесивно ќе гледаат музички спотови, но сега ќе имаат нови „мети“, како Лејди Гага, на пример.

Минималната анимација на шоуто се очекува да остане иста. Со враќањето на „Бивис и Батхед“ MTV повторно се навраќа со пуштањето на музички спотови, нешто што телевизијата го исфрли за да направи место за популарни реални шоуа. „Бивис и Батхед“ првпат се емитувани во 1993, но тогаш беа наречени „Frog Baseball“.  Заплетот се вртеше околу двајца незрели тинејџери кои постојано идиотски се смееја. Креаторот на серијата, Мајк Џаџ, го позајмува гласот на двата ликови. Бивис и Батхед работат во дисконт за брза храна и немаат успех со женските, па постојано седат на каучот и гледаат музички спотови. Бивис, плавиот, обично носи Металика маица, а Батхед е оној кој е „кул“ и носи AC/DC маица.

Дуото достигна голем успех со нивниот долгометражен филм во 1996 – „Beavis and Butt-head Do America“. Во шоуто понекогаш се појавуваше и Дариа, нивната другарка од училиште, која подоцна доби своја сопствена MTV серија. Откако MTV ги откажа Бивис и Батхед во 1997, Џаџ ја креираше серијата „King of the Hill“ за Фокс. Тој исто така го напиша сценариото за култната комедија „Office Space“ и филмот „Extract“. [‘Beavis and Butt-head’ to return with new episodes to MTV]

- Реклама -