Полицијата бара општините да ја средат сообраќајната сигнализација, теренски извидувања во Гостивар и Тетово

Во текот на изминатиот месец, полициски службеници од СВР Тетово – Полициска станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар во содејство со инспектор – раководител на Одделение за сообраќајни работи во општина Гостивар извршиле теренски извидувања на пофрекфентните улици и сообраќајници, како и приградските населби во градовите Тетово и Гостивар.

„При тоа утврдени и фотодокументирани се сите недостатоци и оштетувања на сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, како што се сообраќајните знаци, обележувањата на пешачките премини и полните и прекинатите линии, состојбата на светлосните сообраќајни знаци (семафори), како и за состојбата на коловозите на оваа подрачје. За констатираната состојба е сочинет записник и до надлежните институции за одржување во двете локални самоуправи се доставени известувања и побарано е во најбрз можен период да се отстранат сите недостатоци за да се овозможи нормален и проточен сообраќај и безбедно движење на возилата и пешаците, во спротивно ќе бидат изготвени соодветни законски поднесоци.“, стои во полициското соопштение.

Извор