Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 28 март 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– По билбордите и социјалните мрежи изборната кампања на големо е почната иако официјалната допрва доаѓа – ако не е противзаконски, колку е етички;
– Интервју со поранешниот шеф на американската дипломатија за Европа, Филип Рикер, за изборите, надворешни(те) влијанија, ЕУ, корупција(та);
– Како граѓаните да се вклучат во борба против корупцијата – карванот „Преку глава ми е од корупцијата“ во Штип и во Гостивар;
– Околу 25 % од светската популација страдаат од душевна болест во еден момент од животот; Делегацијата на ЕУ во земјава сака да поттикне дебата за новата пандемија;
– Нова „Саботажа“.