Филм кој го прикажува Марк Зукенберг како немилосрден и опседнат со секс

markПриказната за Facebook, полна со интриги и контроверзи, наскоро би требало да заживее на големото платно. Главниот лик, 26-годишниот Марк Зукерберг, основачот на Facebook, во холивудскиот филм „The Social Network“ имено ќе биде прикажан како немилосрден и злобен човек кој е опседнат со секс и кој за да си го загарантира успехот газел се пред себе.

mark-zuckerberg2Приказната за Facebook, полна со интриги и контроверзи, наскоро би требало да заживее на големото платно. Главниот лик, 26-годишниот Марк Зукерберг, основачот на Facebook, во холивудскиот филм „The Social Network“ имено ќе биде прикажан како немилосрден и злобен човек кој е опседнат со секс и кој за да си го загарантира успехот газел се пред себе.

Баш кога мислеше дека го поправи имиџот, после нападите дека не ја почитува приватноста на 400-те милиони корисници на неговата социјална мрежа, нов удар е најавата на снимањето на филмот режиран од Дејвид Финчер, режисерот на Седум, Боречки клуб и Необичниот случај на Бенџамин Ботон. Новите детали за филмот не можеа да дојдат во полош момент. Имено, приказната за почетокот на снимањето на филмот за темната страна на младиот милијардер доаѓа во момент кога многу се расправа за иднината на Facebook, токму заради контроверзноста околу заштитата на приватноста на корисниците на оваа социјална мрежа. А сценариото на филмот, кое е адаптација на книгата “Случајни милијардери: Основањето на Facebook, приказна за сексот, парите,генијот и предавството“ на авторот Бен Мезрич, изгледа дека само ги влошува работите.

Имено, кон крајот на оваа година на големото платно ќе го гледаме подемот на Зукенберг од “харвардски разбојник“ до „плејбој од силиконската долина“ како што го нарекува Мезрич. Тој тврди дека Зукенберг бил многу немилосрден спрема сите „обични мали луѓе“ кои му помогнале да успее.

Приказната за најмладиот светски милијардер започнува во бар во близина на Харвард, каде компјутерскиот гик Марк, студент во втора година, заради неподносливиот карактер, го напушта девојката. Тој оди во својата соба и после неколку пива упаѓа во сите компјутерски системи на Универзитетот и ги симнува фотографиите на сите девојки кои живееле во кампусот. Прави сајт на кој стдентите можат да гласаат за тоа која од девојките е најзгодна. Ова предизвикува пад на компјутерските системи на Харвард, бидејќи сите студенти почнуваат истовремено да го користат тој сајт. Марк е речиси избркан од угледниот универзитет, но со финансиската помош на еден од пријателите сајтот набрзо се претвора во гигант во социјалните мрежи.

Авторот на сценариот признава дека никогаш не му направил интервју на Зукенберг, кој не сакал да зборува со него. Мезрич се користел со судски документи, новинарски написи и разговорите со својот главен извор – отфрлениот пријател на Зукенберг – Едвард Саверин. И покрај тоа авторот тврди дека неговата книга не е фикција. Тоа предизвика критики дека тој направил уште поголем јаз меѓу фактите у фикцијата, но филмот сите го очекуваат со нетрпение.

- Реклама -